• Саше Љолес
Ватерполистите на српската репрезентација ја совладаа селекцијата на Соединетите Американски Држави со конечни 14-9 и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо.
Србите демонстрираа скоро потполна доминација против Американците, оставајќи ги без шанси за надеж и евентуално враќање во мечот.
Нашиот северен сосед на паузата водеше со 6-3, а потоа само ја доработи задачата и без проблем го заокружи убедливиот триумф. Во полуфиналето Србија ќе се соочи со подобрата селекција од дуелот меѓу Хрватска и Унгарија.