• Зоран Мишевски
Првиот натпреварувачки ден на Европското првенство во ватерполо во Белград започна драматично. Српската ватерполо репрезентација ја победи Холандија по петерци со резултат 18-16, откако регуларниот дел од натпреварот на Европското првенство заврши нерешено – 13-13. По овој триумф, Србија освои два бода, а Холандија еден.
Во натпревар полн со неизвесност и драма до последната секунда, Србија покажа желба за борба, но и недостаток на концентрација во одлучувачките моменти. Во последните моменти, Холандија имаше напад за победа, а Риле ја затресе српската мрежа со лоб удар, но судиите, откако го погледнаа видеото, го поништија голот. Победникот беше решен по петерци. Во изведувањето на пенали, Србија беше помирна и попрецизна. Головите ги постигнаа Рашовиќ, Мандиќ, Мартиновиќ, Јакшиќ и на крај Милош Чук, кој стави точка на натпреварот. Клучен момент беше одбранетиот удар на Глушац, по што Србија ја обезбеди победата.
Во следното коло од групата Ц, Србија ќе игра против Шпанија, а Холандија ќе се сретне со Израел.