Србија е четвртиот четвртфиналист на СП во Јужна Кореја

Српските ватерполисти ја победија Грција со 9-3 (3-1, 3-2, 0-0, 3-0) и обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во Јужна Кореја. Подмладениот состав на Дејан Савиќ сега ќе има три дена пауза, а потоа ќе се бори за полуфиналната фаза. Таму противник ќе им биде Шпанија или Јапонија.

Триумфот на Србите во ниту еден момент не беше доведен во прашање. На голот одличен беше Ристичевиќ и беше најзаслужен за рутинските бодови на контото на својата екипа.

Пред Србија, во четвртфиналето се пласираа Италија, Хрватска и Унгарија.

Останатите осум репрезентации кои завршија на второто и третото место ќе разигруваат во осминафинални натпревари. Титулата од Будимпешта ја браната ватерполистите на Хрватска.