Србија без сили за „кам-бек“, Унгарија против Шпанија во мундијалското финале!

Репрезентацијата на Унгарија ќе ги одмери силите со Шпанија во големото финале на Светското првенство во ватерполо, откако во второто полуфинале ја совлада селекцијата на Србија со конечен резултат 19-18. 

Унгарците одиграа спектакуларно во првата и третата четвртина, кои ги добија во своја полза со 6-3 и 8-4, создавајќи си комотна предност за финишот на мечот. 

Србите се обидоа со сите сили да го ублажат ударот и да се доближат во некаква неизвесност (направија серија од 4-0), но ривалот беше на висина на задачата и не дозволи никакви непријатности на крајот.

Кај Србија најдобар поединец беше Мандиќ со шест голови, а голманот Филиповиќ впиша десет успешни интервенции. Во победничкиот состав четири гола постигна Манхерц, а ист учинок имаше и неговиот соиграч Фекете. 

Унгарија ќе се бори за петтата титула од Светските првенства, додека Шпанија ќе има можност по четврти пат да се закити со најпрестижната интернационална титула.