• Зоран Мишевски

Европската федерација во пливање и пливачки спортови (ЦЕВ) го одреди домаќинот на следното Европско првенство во ватерполо. Хрватска ќе биде домаќин на континенталниот собир во ватерполо и во машка и во женска конкуренција во 2022 година. Турнирот ќе се одржи во Сплит, потврдија челниците на ЦЕВ.
Датумите Термините на натпреварот се закажани кон крајот на летото – рана есен, и покрај фактот што последните два евро-шампионати се одржаа во текот на летото.
Европското првенство во водни спортови во 2022 година ќе се одржи во Рим од 11 до 21 август.