СП ватерполо: Унгарија пресилна за Црна Гора, реми на „аѕурите“ против Грција

Ватерполистите на Црна Гора одиграа одлично во првото полувреме, но имаа многу промашени зицери, кои Унгарија знаеше да ги казни и запиша победа од 12-8 (3-3, 3-1, 3-2, 3-2) во првото дерби на Светското првенство во Унгарија. 

Головите за Црна Гора ги постигнаа: Марко Петковиќ (четири), Душан Баниќевиќ, Душан Матковиќ, Канстантин Аверка и Василије Радовиќ по еден. Головите за Унгарија ги реализираа: Џорџо Заланки (четири), Силар Јаншик и Мартон Вамос по два, Золтан Пол, Денес Варга, Кристијан Манхерц и Гергељи Буријан по еден гола.

Во вториот натпревар од оваа група Грузија го победи Бразил со 14-10. Јапонија ја изненади Германија со 12-11, па се јавува како потенцијален ривал на Црна Гора во осминафиналето.

Во останатите натпревари од првото коло постигнати се следните резултати: Австралија - Казахстан 10-4, Италија - Јужна Африка 22-4, Шпанија - Канада 19-2, Хрватска - Грција 8-8, Србија - САД 17-13.