Славните „баракуди“ останаа без одличје: Унгарија ја изненади Хрватска

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска доживеа пораз од Унгарија (11-15) во четвртфиналето на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио и остана без шанси за медал на големото натпреварување.

„Баракудите“ беа далеку од своите вистински квалитети и потфрлија во најважниот дуел на овие Олимписки игри. По добриот старт и минималното водство (2-3), Унгарија ги презеде работите во свои раце, го сврте мечот и го исфрли фаворитот на хартија.

Хрватска така ја заврши низата на медали на олимпискиот турнир во ватерполо, по златото во Лондон и среброто во Рио де Жанеиро. Лука Бркиќ беше најефикасен на мечот со четири гола, пред Обрадовиќ со два, додека кај Унгарците прво име беше Манхерц со седум гола од осум обида.

Унгарија во полуфиналето ќе игра со Грција, додека втората двојка ја сочинуваат Србија и Шпанија. Мечевите се играат в петок.