• Саше Љолес
Славниот хрватски селектор и поранешен ватерполист, Ивица Туцак, предизвика голем скандал откако со погрдни зборови го навредуваше српскиот судија Воин Путниковиќ на натпреварот помеѓу Хрватска и Грција.
Голем дел од јавноста се согласува дека Путниковиќ имал неколку лоши одлуки кои оделе на штета на двете селекции, но Туцак во еден момент комплетно ги загуби нервите и почна да го навредува судијата, пцуејќи ја и неговата мајка.
„Пи*ко една, за што работиме ние цели три години? Шу*ак еден, мајката твоја безобразна, како не ти е срам“, беа дел од зборовите на Туцак упатени кон судијата Путниковиќ.
Неговите зборови одекнаа и во директниот пренос, а целата јавност остана шокирана затоа што селекторот не доби никаква казна за неговиот испад. Хрватска на крајот победи со конечни 14-13 и го обезбеди пласманот во четвртфиналето, но во центарот на вниманието остана овој скандал, за кој српските медиуми пишуваат дека очекуваат реакција од нивната ватерполо федерација.