• Сашо Поповски
Шпанската репрезентација за еден гол беше подобра од Црна Гора (7-6) во денешното четвртфинале на Светското првенство.
Црногорците постојано бркаа негатива и на крај останаа покуси за пласман меѓу најдобрите четири. Шпанија тргна со два гола позитива по воведните две четвртини, по кои следуваше одговор од црногорските ватерполисти, кои единствено успеаја да ја намалат предноста на ривалот на еден гол.
Полуфиналната фаза за шпанскиот тим носи дуел со Хрватска, која во четвртфиналето ја надигра Србија.