Шпанија во пенал-рулетот ја исфрли Грција и се пласира во финалето на СП!

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Светското првенство во ватерполо, откако во првиот полуфинален дуел ја совлада селекцијата на Грција после подобро изведување пенали. 

Грците се покажаа како исклучително силен и незгоден ривал и се одржуваа во егал во текот на мечот, а по регуларното време резултатот гласеше 7-7. 

Во пенал-рулетот поуспешни беа Шпанците, кои на крајот триумфираа со 11-9 и го очекуваат својот ривал во битката за златниот медал. Вториот финалист ќе биде познат по одигрувањето на мечот помеѓу вечните ривали, Србија и Унгарија.