Шпанија подобра по пенали, Србија без шанси за петто злато по ред на ЕП

Ватерполистите на Шпанија ја елиминираа Србија од Европскиот шампионат во Будимпешта со триумфот по пенали 3-4 (6-6), со што ја прекинаa доминацијата на противникот. Србите на ова натпреварување имаа шанса да го освојат петтиот златен медал во низа на континенталните собири, но Шпанците беа поконцентрирани во ударите од пет метри. Со овон триумф „фуријата“ им се реваншира на српските ватерполисти за поразот во финалето на Европското првенство во Барселона пред неполни две години. 

Србите стартуваа поубедливо и по шест минути поведоа со 2-0. Но, веќе во следниот напад противникот го постави резултатот за крајот на првата четвртина. По паузата, иако први примија гол, ватерполистите на „фуријата“ направија серија од 0-4 до полувреме за преземање на предноста со 3-5, благодарение на одличниот настап на голманот Пинедо Лопез. 

Во продолжението се играше попретпазливо и без ризици, а имаше и мал број голови. Србија се врати на гол негатива и ја доби третата четвртина со 2-1. Последните осум минути не понудија многу возбудувања, а единствениот гол беше за изедначување на 6-6 и натпреварот влезе во пенал завршница. 

По изведувањето на удари од пет метри, Шпанија беше поуспешна и со 3-4 си обезбеди пласман во полуфиналето. Голманот Пинедо Липез ги одбрани ударите на Мандиќ и Прлаиновиќ и донесе финале за својата селекција. 

За противник Шпанците ќе го имаат подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Грција.