Шпанија подобра од Американците, втора победа на „азурите“, второ реми на Унгарија

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија одговори на поразот во драматична завршница во првото коло од Италија и на идентичен начин сега стигна до победа. Момците на Габи Хернандез ја совладаа американската селекција со 10-9 (4-2, 1-3, 3-2, 2-2). Клучни беа головите на Молина и Еспањол на почетокот од третиот период.

Италија граби кон четвртфиналето, откако ја победи Франција со 11-8 (4-3, 4-1, 1-2, 2-2). Темпести беше феноменален на голот, а Фиљоли доминираше во нападот.

Многу возбудлив беше и мечот на Унгарија и Австралија, на кој немаше победник, 9-9 (4-3, 2-2, 1-3, 2-1). Ова е второ реми за селекција на Унгарија, која претходни ремизираше против Србија, 13-13 пред два дена.