Шпанија не ѝ даде шанса на Јапонија и закажа четвртфинале со Србија

Репрезентацијата на Србија, која важи за еден од фаворитите за највисок пласман, го дозна противникот за четвртфиналето на Светското првенство во Јужна Кореја.

Тоа е Шпанија која денес без проблем ја надигра Јапонија 15-7 (2-1, 3-3, 4-2, 6-1) и обезбеди четвртфинална фаза.

Јапонците немаа шанси против расположениот противник и парираа само во првиот дел. Потоа шпанскиот тим рутински се одлепи и запиша висока победа.

Последното осминафинале меѓу Јужна Афика и Германија ќе го даде противникот на Хрватска.