Шпанија на дерби со Србија, Ц. Гора, Грција и Русија меѓу најдобрите осум на ЕП

Ватерполистите на Шпанија ја оправдаа фаворитската улога и ја елиминираа Германија во осминафиналето на Евопскиот шампионат со триумфот од 6-12. „Фуријата“ играше сигурни и во третиот период ја направи клучната предност на патот кон четвртиналето каде што ги очекува дерби со Србија. 

Во останатите два дуели од првата нокаут рунда Црна Гора убедливо славеше над Турција со 17-6, Русија запиша минимална победа над Грузија од 14-13, а Грција со 14-7 ја елиминираше Романија. Средба за 13. место на турнирот закажаа Франција и Словачка со триумфите над Холандија (8-9) и Малта (8-4). 

Четвртфиналните средби се играат за два дена, а со сигурност најголемо внимание ќе привлече репризата од финалето на минатото Европско првенствп: 

Четвртфинале: 
Италија - Црна Гора (16:00 часот)
Србија - Шпанија (17:30 часот)
Унгарија - Русија (19:00 часот)
Хрватска - Грција (20:30 часот)

Потоа во полуфиналето, подобриот од дуелот меѓу Италија и Црна Гора ќе се сретне со победникот од средбата меѓу Унгарија и Русија, додека веќе во полуфиналето е можно балканското дерби.