Шпанија ќе стои на патот на трето злато во низа за Американките

Шпанија

Шпанија ќе ја предизвика репрезентацијата на Соединетите Американски Држави во финалето на женскиот ватерполо турнир во Токио.

Второто полуфинале донесе тесна победа на шпанските ватерполистки во дуелот со Унгарија од 8-6 (2-0, 3-2, 3-2, 0-2).

Победата беше најавена уште во првата четвртина. Одбраната на Шпанките функционираше беспрекорно, а со два гола беше обезбедена предност. До паузата истата се зголеми, а таков беше случајот и по третиот период.

Унгарките направија завршен обид за пласман во мечот за злато. Но, на крај останаа покуси и стигнаа само на два гола негатива.

Во првиот полуфинален дуел САД ја надигра репрезентацијата на Русија.