• Иван Димовски

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство кое се одржува во Фукуока, откако во „малото финале“ ја совлада Србија со 9-6.
„Фуријата“ ја оправда фаворитската улога, па со подобра игра во второто полувреме дојде до заслужената победа. Мечот тргна со егал, Србите парираа и по првата четвртина беше 3-3. До паузата Шпанците успеаја да поведат минимално со 6-5. Сепак, круцијалната предност беше направена во третиот период кој фаворитот го доби со 2-0.
Откако веќе се одлепи на пристојни три гола позитива, Шпанија одигра рутински и со егал (1-1) во завршната четвртина беше затворен дуелот за бронзата.
За трофејот на Мундијалот ќе се судрат Грција и Унгарија.