Шпанија ја покажа силата и по четврти пат е светски шампион во ватерполо!

Шпанската ватерполо репрезентација повторно го освои златниот медал на Светското првенство, откако во големото финале ја совлада селекцијата на Унгарија со конечни 15-13. 

„Фуријата“ одигра одличен натшревар, имаше мали проблеми само во третата четвртина, но во сите останати периоди беа на висина на задачата и ги одиграа последните минути во чиста рутина. 

На полувремето резултатот гласеше 7-6 во корист на Шпанија, Унгарците возвратија на стартот од вториот дел, а последната четвртина комплетно им припадна на Шпанците, кои на крајот славеа со конечни 15-13 и ја освоија четвртата мундијалска титула во својата историја. 

Најефикасни кај новиот светски шампион беа Грандос и Санахуја со по пет постигнати голови, додека кај Унгарците прво име беше Буријан, кој впиша три погодоци зад своето име. 

Во мечот за бронзениот медал Грција убедливо ја надигра Србија со 16-7. 

ФОТО/PHOTO: World aquatic championchip