• Саше Љолес
Ватерполо репрезентацијата на Шпанија убедливо ја совлада селекцијата на Црна Гора со 14-5 и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство кое се одржува во Сингапур.
„Фуријата“ одигра доминатен меч и ја покажа својата сила, а победникот веќе беше јасен кога на семафорот стоеше резултатот 8-4.
Најефикасен во победничкиот состав беше Бернат Санахуја со шест голови, Алваро Гранадос додаде уште три, а Унаи Бил и Алберто Мунариз постигнаа по два погодока.
Во полуфиналето Шпанците ќе ги одмерат силите со селекцијата на Грција, која приреди изненадување со елиминацијата на Италија.