Шпанија ги сруши „баракудите“ и ќе игра за европско злато во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на Европското првенство во Будимпешта. Неполни две години по поразот од Србија во шампионатот на стариот континент во Барселона, „фуријата“ може да дојде до титулата, а со оглед на тоа што ги победи и Србија и Хрватска, нема да биде незаслужено со максимален број на победи да го покори континентот.

Шпанската селекција попладнево во Унгарија ги совлада хрватските „баракуди“ со 9-8 (0-1, 4-3, 2-2, 3-2). До голот на Мунариз на неполни две минути до крајот, шпанската селекција го скрши отпорот на хрватскиот тим и дојде до +2, што беше гаранција за триумф. Одличен натпревар одиграа младите Роџер и Гранадос, а Хрватите потфрлија во одбраната и во играта со ватерполист повеќе.

Противник на Шпанија во финалето ќе биде поуспешниот од полуфиналето во кое вечерва ќе се сретнат Црна Гора и Унгарија.