• Зоран Мишевски

Шпанската ватерполо репрезентација ја наметнува својата кандидатура за освојување на златото на олимпискиот турнир. Откако во неделата го совлада бранителот на златото Србија, „фуријата“ денес славеше и против Црна Гора.
Победата од 8-6 (3-2, 2-1, 2-2, 1-1) во вториот натпревар од групата Б веќе ја квалификува Шпанија во следниот круг. Ортега, Санахуја и Маларач во победничкиот табор, а Душан Матковиќ со три гола беше најсветла точка во поразената селекција.
Утрово бодови впиша Србија со триумф над Казахстан со 19-5, а Американците триумфираа против Јужна Африка со 20-3. Во остатокот на второто коло на ватерполо турнирот уште играат: Италија - Грција, Јапонија - Унгарија и Австралија - Хрватска.