Шпанија ги „потопи“ Грците, Италија, Унгарија и Хрватска очекувано во полуфиналето

Хрватската ватерполо репрезентација последна се пласира во полуфиналето на Европското првенство во Сплит. Хрватска ја совлада селекцијата на Грузија со 15-5 (3-0, 3-2, 6-1, 3-2). Најдобар учинок во домашната селекција имаше Лука Букиќ со четири гола, а Константин Харков и Лорен Фатовиќ додадоа по три погодоци.

Убедлива победа впиша Италија, која ја надигра Франција со 16-8 и закажа дуел со домаќинот во полуфиналето.

Ватерполистите на шпанската репрезентација се пласираа во полуфиналето на Европското првенство, совладувајќи ја Грција со резултат 9-4 (4-2, 1-1, 2-1, 2-1). Поконкретна беше селекцијата од Пиринејскиот полуостров, но имаше и спорни одлуки на судии кои немаа изедначен критериум. Алберто Муњариз, Алваро Гранадас и Мартин Фамера постигнаа по два гола за Шпанија. Само капитенот Ангелос Влахопулос впиша два гола за Грците.

За место во финалето „фуријата“ ќе се бори со Унгарија, која го совлада црноготскиот тим со 11-8.