Шпанија ги остави Србите без медал, Хрватска граби кон ново злато

Шпанија и Хрватска се првите полуфиналисти на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во Гвангжу. Иако за многумина е големо изненадување, европскиот шампион Србија прерано е надвор од турнирот и нема да се бори за медалите.

Избраниците на Дејан Савиќ загубија од Шпанија со 12-9 (2-1, 5-2, 3-4, 2-2) и по подолго време на едно големо натпреварување нема да играат најмалку во полуфиналето. Oва е прво мундијалско полуфинале на „фуријата“ по цели десет години.

Голманот Пинедо беше феноменален, а Тахуљ и Мунариз блескаа во доминацијата во текот на сите четири четвртини. Вреди да се напомене дека Србија на ова Светско првенство настапи без Филиповиќ, Прлаиновиќ, браќата Пјетловиќ, Митровиќ и Алексиќ.

Светскиот првак Хрватска се пласира во полуфиналето со победата над Германија со 10-8 (1-2, 3-1, 3-3, 3-2) и ќе сретне токму со Шпанија во борба за финалето,

Во долниот дел од костурот полуфинале ќе бркаат Грција - Италија и Унгарија - Австралија.