Шпанија целосно надиграна, САД се нови светски шампионки во ватерполо

Ватерполистките на Соединетите Американски Држави се нови светски шампионки, откако демонстрираа моќ и убедливо ја совладаа Шпанија во финалето во Гвангжу со 11-6 (3-1, 2-2, 5-0, 2-3). Разликата во квалитет беше евидентна и од самиот почеток Американките доминираа и без драма го добија дуелот.

Најзаслужни за победата на американскиот ватерполо тим беа Нешул со три и Стивенс со два погодоци, а кај поразената шпанска репрезентација се истакна Тараго со три гола.

Бронзениот медал го освоија ватерполистките на Австралија.

Машкото финале меѓу Шпанија и Италија на програмата е утре претпладне во ватерполо базенот во Гвангжу.