Шпанија блесна во финишот и закажа полуфинале против Италија

Домашната репрезентација на Шпанија е последниот полуфиналист на Европското првенство во ватерполо, кое се одржува во Барселона. Во тежок и во првиот дел драматичен дуел, „црвената фурија“ ја совлада жилавата Грција со 10-6 (2-1, 2-2, 4-0, 2-3). 

Шпанците форсираа игра преку сидрашот Алекс Бустос, а главна ударна игла во грчкиот состав беше капитенот Фунтулис. Постојано домашната селекција имаше предност, но само од еден до два гола. 

На почетокот на третиот период се разбрани Лопез Пинедо и ги инспирираше своите колеги да направат позитивна серија. Со 5-1 за неполни пет минути победникот беше решен и го крајот Шпанија рутински ја сочува предноста за триумф од. 

Најефикасни во шпанската репрезентација беа Гуељ, Тахул и Ортега со по два гола, а кај Грците се истакна Гениодуниас со два гола. Второто полуфинале меѓу Шпанија и Италија се игра в четврток, веднаш по завршувањето на дуелот меѓу Србија и Хрватска.