• Сашо Поповски
Српските ватерполисти изборија ново финале на Олимписките игри со денешната тешка победа во полуфиналната фаза против Шпанија 10-9 (2-0, 2-5, 1-2, 5-2). Со оваа подбеда „делфините“ им се реваншираа на своите колеги од Пиринеите за поразот во групната фаза и ја прекинаа серијата од шест порази по ред од шпанската селекција.
Шпанскиот состав имаше контрола над случувања во првата половина од мечот. Следуваше подобра игра на Србите, кои одговорија со своја серија и ја презедоа предноста во моментите кога се одлучуваше победникот.
Во последната четвртина постигнаа дури пет гола и заслужено се израдуваа на минималниот триумф. За нив ова ќе биде второ олимписко финале, по она во Рио де Жанеиро, каде си заминаа дома со златниот медал.
Во првото полуфинале Грција ја изненади Унгарија и ќе биде противникот на Србија во овогодишната финална пресметка. Натпреварот за златниот медал на програмата е в сабота во утринските часови.