Шпанците го освоија Светскиот Куп во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија го освои Светскиот Куп, откако неочекувано лесно и убедливо во финалето ја совлада Италија со 10-4. Шпанците до титулата ги предводеше ватерполистот на Нови Београд, Алваро Гранадос со четири гола, Пероне запиша три гола, додека Санахуја, Мунарис и Де Торо погодија по еднаш.

За Италија, по еден гол постигнаа Прескути, Бруни, Ди Сома и Ди Фулвио. Финалистите на Светскиот Куп автоматски се квалификуваа за Светското првенство, кое ќе се игра во Доха следната година.

Во мечот за третото место, Сoединетите Американски Држави ја совладаа Унгарија со 14-13. Репрезентацијата на Србија, е најголемо разочарување на турнирот во Лос Анџелес кој го заврши на седмото место.