• Мартин Танасковски
Ватерполо репрезентацијата на Италија доживеа тежок пораз на Светското првенство во Сингапур, откако беше убедливо поразена од Грција со 17-11 во четвртфиналниот натпревар. Резултатот по четвртини беше 6-1, 3-1, 4-4 и 4-5 во корист на Грците, кои наметнаа темпо и дисциплина што „аѕурите“ не успеаја да го следат.
Натпреварот беше решен уште во првата четвртина, кога Италијанецот Грата направи груб прекршок – удри со колено во глава под вода врз противнички играч. По ВАР-преглед, судиите го исклучија, што значеше четири минути игра со играч помалку за Италија. Грците тоа го искористија со серија голови, реализирајќи и пенал, за да отидат на одмор со убедливо водство од 6-1. Потоа беше и 9-1, па мечот рутински се приведе кон финишот.
Најдобри стрелци кај победниците беа Аргиропулос со четири гола и Калвопулос со три. Кај Италија, Бруни постигна три, а Ди Фулвио, Касија и Ди Сома по два. Во полуфиналето, Грција ќе се сретне со победникот од пресметката меѓу Шпанија и Црна Гора.
ФОТО: World Aquatics / X