Шапиќ ги продава сите освоени медали и одличја!

Александар Шапиќ

Еден од најдобрите ватерполисти на сите времиња, Александар Шапиќ, одлучи да се одрече и да ги продаде сите свои медали и одличја, а целиот приход ќе биде наменет за хуманитарни цели.

Бившиот српски репрезентативец има освоено сè што може да се освои (освен златен медал на ОИ), а неверојатен е податокот дека за 385 настапи за српската репрезентација, има постигнато дури 981 гол. 

Овој петок Шапиќ ќе гостува во Белград и ќе открие кому ќе му припаднат парите од продадените медали.