Сезоната за најдобриот ватерполист за 2017 е завршена, но можно и е кариерата

Сандро Сукно, кој неодамна беше прогласен за најдобар ватерполист на светот за 2017 година, би можел во својата 27. година да ја заврши својата богата кариера. 

Репрезентативецот на Хрватска има сериозни срцеви проблеми и сигурно ќе го пропушти остатокот од тековната сезона. 

„Колку и да бев подготвен на сè, ова информација морам да признаам дека ме шокираше, бидејќи имам само 27 години. Сега ми преостанува да направам уште неколку анализи, па ќе видеме што ќе се случи“, вели Сукно. 

Ватерполистот на Про Реко од октомври е надвор од базените, а засега е сигурно дека сезоната за него е завршена, а под голем знак прашалник е и неговата кариера.