Сензација во Берлин: Унгарија и Австралија ќе играат за ватерполо златото од Светскиот Куп

На големо изненадуваање на светската јавност, Унгарија и Австралија ќе играат во финалето на Светскиот Куп во ватерполо, кој се одржува во Берлин. Ако првата сеонзација беше елиминацијата на Хрватска во четвртфиналето од Австралија, никој не очекуваше дека „кенгурите“ имаат сили и за пласман во финалето.

Во возбудливо полуфинале, дури по изведувањето на петерци, Австралија ја победи домашната Германија со 12-11, откако во регуларниот тек дуелот заврши 8-8. Противник во финалето на Австралијанците ќе им биде репрезентацијата на Унгарија, која го победи европскиот првак од Барселона, Србија со 12-11. Подмлдената унгарска селекција се врати од 1-3 и стигна до несекојдневен подвиг. Ова е прва унгарска победа над „орлите“ во последните осум дуели.

Финалето се игра в недела од 14:30 часот, а претходно од 13:00 часот ќе се соочат и актерите во малото финале.