Се воведуваат нови правила за нова страница во историјата на ватерполото

Наскоро светот на ватерполото ќе доживее големи промени кои треба да послужат за зголемување на динамиката на натпреварите, а воедно и да го намалат времетраењето на истите. 

Светската ватерполо федерација најави дека ќе воведе сериозни промени, а една од поважните е дека ќе се намалат димензиите на базените во машка конкуренција, односно ќе бидат долги 25, наместо 30 метри, како што беше досега. 

Времето за напад се намалува на 25 секунди, со што се очекува да се зголеми интензитетот и брзината на натпреварите, а исто така ќе се „скрати“ и вториот напад (од 20 на само 15 секунди). Истото време ќе важи и за напад со играч повеќе, па на овој начин се очекува да има поголема динамика и возбуда за гледачите. 

Тимовите во иднина ќе имаат 14 играчи, наместо досегашните 13, односно максимални 12 играчи на теренот и двајца голмани. Екипите ќе имаат можност да напаѓаат со седум играчи, а тренерите ќе можат да побараат само еден „челенџ“ на секој натпревар. Останува примената на ВАР-системот, но само во одредени специфични ситуации. 

Новите правила стапуваат наскоро на сила и ќе бидат актуелни на сите големи натпреварувања, вклучително и на Светските првенства и на Олимписките игри.