ВИДЕО: Се појави видео од моментот кога хулиганите ги нападнаа ватерполистите на Ц.Звезда

Сплит напад

Вчерашниот ден беше одбележан со нападот на ватерполистите на Црвена Звезда за време на нивното гостување во Сплит.

Ден подоцна, хрватските медиуми се преполни со информации околу овој случај, а се појави и видео на кое може да се забележи како настана инцидентот. Поточно, на истото се гледа како голманот Александро Краљ бега од напаѓачите, а потоа и скока во морето со цел да се спаси.

Напаѓачите утринава биле уапсени, а уште се трага за уште двајца учесници.