• Саше Љолес
Репрезентацијата на Србија во ватерполо конечно се израдува на голем успех и ја совлада селекцијата на Соединетите Американски Држави во полуфиналето на Олимписките игри со 10-6. Одлично издание имаше Никола Јакшиќ, а на голот блескаше и Радослав Филиповиќ со десет одбрани.
Нашиот северен сосед беше многу подобар ривал, си ги искористи сите шанси со играч повеќе и сосема заслужено обезбеди учество во мечот за златниот медал. Србија одигра одлична втора четвртина, Петар и Никола Јакшиќ режираа серија поени, па „орлите“ водеа со 4-2.
Лука Кубиндо на спротивната страна беше расположен и ги одржуваше Соединетите Америнаски Држави во игра, но сепак остана негативата од два гола и во пресрет на последната четвртина. Имаа Србите во два наврати и „плус три“, а ривалот беше комплетно скршен на две минути до крајот, кога резултатот гласеше 10-6.
На крајот сосема заслужен триумф за Србија со истиот резултат и пласман во финалето, што значи дека оваа селекција сигурно ќе освои медал по три неуспешни настапи на европските и светските првенства. „Орлите“ се воедно и актуелни олимписки шампиони од Токио 2020 година.
Србија има шанса да стане само втората репрезентација која успеала трипати едноподруго да го освојува златниот медал од Олимписките игри. Претходно, тоа ѝ успеа само на Велика Британија, но тоа беше во првите две децении на минатиот век.