• Саше Љолес
Женските репрезентациите на Шпанија и Австралија ќе ги одмерат силите во мечот за златниот медал на олимпискиот ватерполо турнир во Париз.
Шпанките одиграа возбудливо полуфинале против селекцијата на Холандија и најпрво ремизираа во регуларното време со конечни 14-14, а потоа беа поуспешни во пенал серијата и славеа триумф со резултат 19-18.
Џудит Форца беше предводник на „фуријата“, постигна пет гола, а реализираше и во пенал-рулетот, со што ја одведе својата репрезентација во нов поход по прво олимписко злато. Шпанија ги загуби последните две финалиња во Лондон и Токио, откако двапати беше надиграна од Соединетите Американски Држави.
Во мечот за златниот медал ќе се соочи со селекцијата на Австралија, која во второто полуфинале беше поуспешна од трикратниот олимписки шампион во низа, репрезентацијата на САД, исто така по подобро изведување казнени удари.
По истекот на сите четвртини, ривалите одиграа во егал (8-8), а во пеналите подобро се снајдоа „кенгурките“, кои се пласира во финалето првпат по далечната 2000 година.