• Саше Љолес
Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави во ватерполо е полуфиналист на Олимписките игри, откако успеа да ја надигра Австралија по подобро изведување пенали со конечни 11-10. Во регуларните четири четвртини, четвртфиналниот дуел заврши со резултат 7-7.
Двете селекции одиграа по две солидни четвртини, најпрво „кенгурите“ изненадија со водство од 3-1 по првата делница, но Американците возвратија во третата четвртина. На крајот победникот мораше да биде решен во пенал рулетот.
Најдобар поединец кај Австралија беше Лук Павилард со четири голови, додека кај Американците по два гола постигнаа Хан Дауб и Алекс Боуен.
Селекцијата на Соединетите Американски Држави во полуфиналето ќе се соочи со репрезентацијата на Србија. Хрватите го чекаат својот противник од последното четвртфинале меѓу Италија ми Унгарија.