• Зоран Мишевски
Селекциите на Шпанија и Соединетите Американски Држави се први полуфиналисти на женскиот ватерполо турнир на Летните Олимписки Игри. Првите дуели беа нерамноправни и Кина и Канада воопшто не им дадоа отпор на фаворитите.
Шпанија ја надигра Кина со 11-7 (5-2, 4-3, 2-1, 0-1) и закажа полуфинале со поуспешниот од натпреварот Холандија - Унгарија. Џудит Форса и Беа Ортиз беа најдобри поединци во победничката селекција.
Лесна победа запишаа и американските ватерполисти, кои ја декласираа Канада со 16-5 (7-1, 4-2, 0-0, 5-2). По првите седум минути јасно беше дека ова четвртфинале е нерамноправно и дека само една селекција доминира во базенот.
Противник на Американките во полуфиналето ќе биде поуспешниот од последното четвртфинале меѓу Австралија и Русија.