• Зоран Мишевски

Женските ватерполо репрезентациите на САД и на Шпанија вечерва ќе играат во финалето на Светското првенство во ватерполо, кое се одржува во Будимпешта: Во полуфиналните дуели овие две селекции постигнаа убедливи победи и така осигураа медал.
САД беа подобри од селекцијата на Русија со 14-9, а Шпанија извојува триумф над Канада со 1210. Финалето се игра во вечерва на отворениот базен „Алфред Хајош“.
Утре во машкото финале ќе се соочат Хрватска и Унгарија, а за бронзата ќе се борат Србија и Грција.