Русите немоќни и декласирани, Италија прелесно во полуфиналето

Италија ја декласира Русија со 11-1 (2-0, 4-0, 1-1, 4-0).и се пласира во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо во Барслелона. Така, по Србија и Хрватска, италијанската селекција е трета сигурна во завршницата за медали во водите на базенот „Бернат Пикорнељ“. 

„Азурите“ феноменално отворија и Дел Лунго не прими гол две четвртини. Капитенот Пјетро Фиљоли постигна три гола, а леворакиот Филипо Гало додаде уште два. Така со 6-0 по 15 минути, победникот беше решен.

Во италијанскиот табор четири гола постигна Фиљоли, а три запиша Гало. Кај Русите единствениот гол го постигна Андријуков. Противникот на Италија во полуфиналето в четврток навечер ќе бие познат по одигрувањето на последното четвртфинале меѓу Шпанија и Грција.