Рудиќ се раздели со Про Реко, легендата Силипо негов наследник

Шпекулациите кои струеја со денови, денес добија потврда. Ратко Рудиќ го напушта Про Реко и ќе започне нова епизода од својата кариера. Без разлика дали ќе се игра повторно оваа сезона, двегодишната епизода на Рудиќ во градот близу Џенова заврши. Хрватот имаше двегодишен договор кој истекува и нема продолжување. Дали оваа разделба ќе ја забрза коронавирусот или ќе добие шанса да се збогува од трофеј, сè уште е неизвесно.

Рудиќ пристигна во Про Реко во летото 2018 година и во својата прва сезона ги освои домашните титули од шампионатот и Купот. Сепак, на италијанскиот шампион му недостасува европскиот трофеј од 2015 година, а оваа сезона требаше да бидат домаќини на финалето во Лигата на шампионите, кое официјално е откажано.

Легендата на италијанското ватерполо, Карло Силипо ќе биде наследник на Рудиќ на клупата на Про Реко.