Романија ја изненади Русија, рутина на Шпанија над Турција на ЕП во ватерполо

Репрезентацијата на Романија ја изненади Русија со минимален триумф од 11-10 во последното трето коло од групната фаза на Европскиот ватерполо шампионат во Будимпешта. Сега романската екипа се надева на победа на фаворитот Србија над Холандија, за пласман во осминафиналето. 

Натпреварот денес беше крајно неизвесен, со многу израмнувања. Првата четвртина започна со 3-3, за по завршувањетп на втората четвртина Романија минимално да поведе со 6-5. Веќе по паузата се случи можеби и клучниот дел од средбата, кога со серија 2-0 предноста беше зголемена на три голови. Русија ја доби последната четвртина со 3-5, што беше недоволно за реми. 

Ватерполистите на Шпанија ја потврдија лидерската позиција во групата Ц со денешниот убедлив триумф над Турција од 7-24. Со оваа победа „фуријата“ ќе го прескокне осминафиналето и во плеј-офот ќе се појави меѓу најдобрите осум.

Зад себе на табелата ја остави домашната селекција Унгарија, која се надеваше на кикс за да има можност да ја престигне водечката екипа. Турција само во првата четвртина делумно парираше на фаворитот која ја загуби со 3-5. Следеа убедливи 1-6 и 1-8 во вториот и третиот квартал, а со 2-5 шпанскиот тим само ја потврди победата.