• Сашо Поповски
Српското ватерполо доби „дрим-тим“ во екипата на Нови Београд, кој денес ги претстави членовите на првата екипа.
„За мене е голема привилегија да се вратам во Белград и да играм ватерполо на врвно ниво“, рече капитенот Душан Мандиќ.
Покрај Мандиќ, боите на Нови Београд ќе ги бранат Виктор и Страхиња Расовиќ, Гојко и Душко Пијетловиќ, Никола Јакшиќ, Радомир Драшовиќ, Ангелос Влахопулос, Ѓорѓе Вучиниќ, Жоао Педро Фернандеш, Ника Шусијашвили, Драшко Гогов, Петар Томиќ, Мирослав Перковиќ, Василије Мартиновиќ, Матија Влаховиќ и Петар Митровиќ.
Клубот ќе се натпреварува во домашното првенство и Купот, регионалната лига и Лигата на шампионите, во која вторпат по ред ќе биде домаќин на завршницата.