Реми на Србија и Црна Гора на стартот на СП во ватерполо во Гвангжу

Ноќва со натпреварите од првото коло на машкиот турнир официјално почна Светското првенство во ватерполо, како дел од пливачкиот Мундијал кој се одржува во корејскиот Гвангжу. На стартот вистинска драма донесе дуелот меѓу Србија и Црна Гора, а по периперии и менување на водството, на крајот дуелот заврши мирољубиво (10-10).

Рашовиќ, Чука и Мандиќ блескаа кај „орлите“, а Радовиќ и Ивовиќ се истакнаа кај Црногорците. Токму, Александар Ивовиќ го имаше последниот напад, но не реализира за победа. 

Очекувани и лесни победи во првото коло извојуваа Хрватска, САД и Грција.

Резултати (прво коло): 
Србија – Црна Гора 10-10 (4-3, 2-2, 2-4, 2-1)
Јужна Кореја – Грција 3-26 (0-7, 0-7, 1-3, 2-9)
САД – Казахстан 16-7 (4-1, 4-2, 3-2, 5-2)
Хрватска – Австралија 14-4 (4-1, 2-1, 4-0, 4-2)

Преостанатите натпревари од првото коло се играат во текот на денот, а најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Бразил и Италија. 

Титулата од пред две години во Унгарија ја брани Хрватска.