Разиграната Хрватска го декласира Казахстан во дебито на ОИ

Репрезентацијата на Хрватска важи за еден од фаворитите за висок пласман на овогодишните Летни Олимписки Игри во Токио.

„Коцкестите“ одличнот го отворија турнирот и на убедлив начин ги запишаа првите бодови на дуелот со Казахстан (23-7). На полувреме Хрватите имаа одлична предност, но најубедливи беа во третиот период. Во него постигнаа осум, а примија само еден гол и си го отворија патот кон туринската победа.

Ефикасната партија ја однесе Хрватска на врвот на табелата во групата Б.

Стартот на олимпскиот турнир во ватерполо најавува поголема изедначеност, повеќе кандидати за медали и можност за изненадување. Сепак, европскиот континент останува доминантен и ќе биде сензација ако медалите не заминат за стариот континент.