Радуловиќ трагичар, Србија по пенали остана без медал на ЕП

Репрезентацијата на Србија на несреќен начин загуби во пенал-рулетот (4-5) од Унгарија и во четвртфиналето го завршува својот настап на Европското првенство во Ватерполо. 

Резултатот во регуларното време беше 10-10, а „орлите“ загубија по несреќниот пенал на Радуловиќ, кому топката му испадна од рацете и тоа беше оквалификувано како неуспешен обид. Унгарија беше непогрешлива во пенал-ударите и заслужено се пласира меѓу четирите најдобри на 35. Европско првенство, кое овој пат се одржува во Хрватска. 

Се чинеше дека Србија ита кон заверка на победата уште во регуларното време, но Унгарците успеаја да се вратат пред самиот крај, а среќата овој пат не ѝ се насмевна на селекцијата на нашиот северен сосед. Во полуфиналето Унгарија ќе се соочи со подобриот од дуелот помеѓу домашната селекција на Хрватска и репрезентацијата на Грција.