• Зоран Мишевски
Српскиот ватерполист Милош Чук е нов член на Раднички од Крагуевац, актуелниот шампион на Србија и на регионалната лига. Чук е долгогодишен репрезентативец на Србија, а како репрезентативец освои 17 медали, од кои дури 14 златни.
Во кариерата играше за Војводина, Партизан, унгарските клубови Егер и Солнок, загрепски Младост и Нови Београд.
„Новиот играч на Раднички, Милош Чук, доаѓа во Крагуевац со големо искуство и 17 репрезентативни медали, од кои дури 14 се златни. Популарниот Чуле ќе биде наше огромно засилување“, објавија од клубот од Крагуевац.
Почетокот на сезоната во Суперлигата на Србија закажана е за шести октомври.