Први се враќаат ватерполистите: Рускиот спорт излегува од спортските санкции

Најавите полека се остваруваат - руските спортисти се враќаат на меѓународните натпревари.

Управното тело на Светската федерација за водени спортови објави дека на руските ватерполисти ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на меѓународни турнири, почнувајќи од јануари 2026 гоина. Руските спортисти ќе учествуваат на натпревари под неутрален статус и ќе им биде забрането да се поврзуваат со Русија на кој било начин. Истите правила ќе важат и за белоруските ватерполисти.

Федерацијата на водени спортови е првата меѓународна федерација што им дозволува на руските спортисти да се натпреваруваат како неутрални учесници во тимски спортови.