Првакот во ЛШ доби лесна група, Ц. Звезда со Про Реко, Барселонета...

Најдобриот европски ватерполо тим, Олимпијакос, ги доби ривалите во претстојната сезона во Лигата на шампионите и се најде во групата Б и има релативно лесна задача да мине во наредната рунда.

Грчкиот тим кој лани во финалето беше подобар од Про Реко од Италија ќе игра заедно со хрватски Младост, Хановер, Шпандау 04, Солнок, Југ и уште два квалификанти, додека во групата А се наоѓаат Црвена Звезда, Про Река, Барселонета, Егер, Динамо и Стеауа Букурешт, плус два додатни тима од квалификациите.

Квалификациската фаза за Лигата на шампионите во ватерполо почнува на 14 септември, а последните патници во групата ќе се знаат на 10 октомври. Прелиминарната рунда тргнува на 17 октомври. Ф8-турнирот се игра од 6 до 8 јуни.