• Мартин Танасковски
Светската федерација за водени спортови (World Aquatics) објави прва историска ранг-листа на репрезентации во ватерполо.
На врвот на листата е репрезентацијата на Хрватска, светски првак и финалист на Олимписките игри во Париз. Врз основа на системот на бодување и резултатите од најголемите натпревари, Хрватска е рангирана како лидер.
Веднаш зад нив се Шпанија, Унгарија и Грција – селекции кои бележат значајни успеси на големите меѓународни турнири, како Светските првенства и Светските лиги. Србија го зазема петтото место, а по неа следуваат репрезентациите на Соединетите Американски Држави и Италија – актуелниот финалист на последното Светско првенство.
Оваа ранг-листа е дел од новиот систем за оценување и следење на резултатите на репрезентациите во рамки на Светската федерација, при што се земаат предвид перформансите на најголемите турнири, континуитетот на успехот и целокупниот придонес кон развојот на спортот.
ФОТО: Hrvatski vaterpolski savez / Facebook