Промена на правилата во ватерполото заради поголема динамика

Ватерполо

Челниците на светската ватерполо организација, одлучија да направат неколку промени во играта, како би се зголемила брзината и динамиката на играта. Новите правила, прво ќе се тестираат на Светското првенство за млади, а потоа, во зависност од резултатите, истите постепено ќе се воведуваат во сениорска конкуренција.

Нешто што ќе придонесе во забрзување на играта е намалување на времето за напад од 30 на 25 секунди. Исто така, се намалува времето на исклучување на играч, од 20 на 15 секунди. Намален е и бројот на играчи кои ќе бидат дел од екипата. Наместо 13, екипите ќе имаат по 11 играчи и две резерви кои ќе можат да ги користат во текот на натпреварите.

Покрај забрзувањето на играта, целта на новите правила е играта да не се темели само на физичка сила.