Про Реко со победа ја започна одбраната на титулата во ЛШ во ватерполо

Синоќа започна Лигата на шампионите во ватерполо. И оваа година ќе учествуваат дванаесет екипи поделени во две групи, од кој најдобро пласираните три екипи формираат нова група. Осум екипи обезбедија директен пласман, а преку квалификации во групната фаза им се приклучија екипите на Приморје, ОСЦ Будимпешта, Шолнок и Јадран ХН.
 
Во првото коло ланскиот шампион Про Реко успеа да издвојува лесна победа против турски Галатасарај со 15-4. Во другите натпревари од Б групата победи издвојуваа Шолнок против  Партизан со 14-9 и Југ против ОСЦ Будимпешта со 9-7.

Во рамките на А групата се одигра единствениот дуел кој заврши без победник помеѓу екипите на Егер и Олимпијакос (8-8), а во другите натпревари Приморје лесно победи против Јадран со 11-9 и Барселонета успеа да ја запише својата прва победа против германски Шпандау со 9-7.